Peugeot 508 е автомобилот на годината во Србија

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот 508 на францускиот производител Peugeot се закити со уште едно признание. Овој пат во Србија и тоа како автомобил на годината за 2019 година.

Оваа вест ја соопштија од Асоцијацијата на автомобилски новинари на Србија од каде од претходно објавија дека 10-те финалисти се: Audi A6, Volkswagen Touareg, BMW X5, Honda CR-V, Toyota Corolla, Ford Focus, Mercedes A Class, Peugeot 508 и Skoda Karoq.

Токму во оваа конкуренција Peugeot 508 освои 104 гласа, само 4 повеќе од Toyota Corolla додека на третата позиција заврши Ford Focus, автомобилот кој во Макеоднија ја освои оваа престижна награда.

Покрај овој модел, награда како најпродаван хибриден автомобил доби Toyota Corolla, а признание за најпродаван електричен автомобил Volkswagen e-Up.

Свечената церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 22 март во рамките на саемот за автомобили во Белград.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK