Новото осмо продолжение на популарниот филм Fast & Furius на почетокот на следниот месец ќе почне да се прикажува во кино салите. Сега веќе е излезен и првиот трејлер за новиот филм.
Како и во досегашните филмови, ќе има доста егзотични и специјално прилагодени возила кои ќе бидат дел од многу каскадерски сцени снимени во Њујорк и на Куба, а хероите овојпат ќе се возат и со подморница.
Листата на познати актери што ќе настапат се Ван Дизел, Двејн Џонсон, Џејсон Стејтам, Мишел Родригез, Тајрез Гибсон, Натали Емануел, Елса Патаки и Курт Расел, и некои актери кои за првпат ќе се појават во овој филм како Скот Иствуд, Хелен Мирен и Шарлиз Терон
Премиерата на филмот е закажана за 12 април.