Lamborghini Diablo прославува 30 години по претставувањето во понудата на италијанскиот производител на спортски автомобили.
Станува збор за најпознатиот модел на Lamborghini во 90-те години. Истиот е инспириран од концептот развиен на Марсело Гандини. За продукцискиот модел, Chrysler Corporation, тогашен сопственик на Lamborghini, инвестираше 6 милијарди италијански лири.
Димензионално, должината на овој модел инзесува 4.460 мм, ширината 2.040, висината 1.105 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.650 мм.
Во понудата Diablo најпрво беше понуден со 5,7 литарски V12 мотор, а потоа под раководство на Лук Донкерволке, беше воведен и 6,0 литаррскиот V12 мотор.
Производството на овој модел се спроведуваше се до 2001 година, во Сант Агата Болоњезе (Италија) и во овој период произведени се вкупно 2.884 примероци. Овој модел во понудата, Lamborghini го замени со Murcielago.