Визија 2021: Скопје да стане вело град пријатен за возење и без загинати

ОБЈАВЕНО НА:

Како резултат на акцискиот план за унапредување на велосипедските патеки во текот на 2014 година е отпочнат проектот „Скопје – вело град“ чија што основна цел е подобрување на условите за возење на велосипед во Скопје.

Со проектот беа дефинирани 4 главни рути и 7 конектори на кои треба да се унапредат условите за возење на велосипед. Воглавно, активностите за подобрување на условите за возење на велосипед опфаќаат: обезбедување на површини за возење на велосипед, реконструкција на површините за возење на велосипед, обезбедување на рампи глатко возење на велосипед, отстранување на пречки од површините за возење велосипед итн.

Работната група за унапредување на велосипедскиот сообраќај на Град Скопје изработи Нацрт план за унапредување на велосипедскиот сообраќај во Скопје којшто е тригодишен и се однесува на период 2019 – 2021 година. Визијата на овој план за унапредување на велосипедскиот сообраќај е создавање на пријатен град за возење велосипед со безбедна и комфорна и добро поврзана велосипедска мрежа.

Главни цели на овој план за унапредување на велосипедскиот сообраќај се:

– Зголемување на патувањата со велосипед во однос на вкупниот број на патувања така што до 2021 година 5% од вкупниот број на патувања ќе бидат реализирани со велосипед;

– 0 (нула) загинати велосипедисти до 2021 година;

Во планот се дадени мерки за унапредување на велосипедскиот сообраќај во Скопје кои се распределени во 5 области и тоа:

– Област 1: Промена на однесување
– Област 2: Пријателска инфраструктура за возење на велосипед
– Област 3: Мултимодалност и интелигентни транспортни системи
– Област 3: Финансиска поддршка
– Област 5: Институционална рамка за управување и делување

Со цел постигнување на поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки, Градот Скопје го објави нацрт планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај на интернет страницата на Град Скопје и ги поканува граѓаните и сите засегнати страни во наредните 15 дена да ги достават своите забелешки со пополнување на анкета за поднесување на забелешки која е објавена на интернет страницата на Град Скопје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK