До 2020 година Toyota ќе има возило направено од дрво?

ОБЈАВЕНО НА:

Замислете автомобил изработен од дрво. Трката меѓу автопроизводителите да го направат најлесното возможно возило, ги наведе некои снабдувачи во Токио да истражуваат со најнеочекуваните материјали како замена за челикот – дрвото.

Јапонските истражувачи и производителите на авто компоненти велат дека материјалот којшто е изработен од дрвена пулпа тежи една петина од оној од челик, а може да биде до петпати поцврст.
Со овие атрибути, материјалот од целулозни нановлакна во иднина може да стане остварлива замена за челикот, иако не се очекува набрзо да стане комерцијално исплатлив, а се соочува и со силна конкуренција, односно материјали кои се базираат на јаглерод.

Намалување на тежината на возилата е неоходна ако автопроизводителите сакаат да ги направат електричните возила дел од сечие секојдневие. Односно, ако автомобилот е лесе потребни се помалку батерии за негово напојување.

„Тежината, односно, нејзиното намалување за нас е секогаш присутен проблем. Но, мора да ги решиме и проблемите со високи производствени трошоци пред да почнеме масивно да употребуваме нови полесни материјали “, вели проект менаџерот задолжен за дизајн во Toyota Motor, Масанори Матсуширо.

Истражувачи на Кјото Универзитетот, како и некои големи снабдувачи на Toyota веќе работат на материјали од пластика во кои се вклучени и целулозни нановлакна, кои во специјални процеси се произведуваат од дрвената пулпа. Според нив, ваквата употреба на целуларните нановлакна во производството на автомобили и авиони е најевтината, а воедно и најквалитетната опција, која е овозможена и со „Кјото Процесот“. Универзитетскиот кадар заедно со снабдувачите веќе работат и на прототипот на автомобил во кој наместо челични делови се вградени делови базирани на целуларни нановлакна, а кој треба да биде готов во 2020 година.

BMW, пак, да ги направи полесни нејзините i3 електрични автомобили, како и 7 серијата се насочи кон употребата на полимерни материјали засилени со јагледните влакна, додека издржливиот челик и алуминиумските легури сѐ уште се најраспространети лесни опции зашто се поевтини и можат да се рециклираат.

Инспирацијата за целулозните нановлакна, пак, според лидерот на истражувачкиот тим на Кјото Универзитетот, професорот Хироаки Јано, потекнува од фотографијата од „Spruce Goose“, карго авион што во 1947 година американскиот милионер и претприемач Хауард Хјуз го направи речиси целосно од дрво. Во тоа време, авионот беше најголемиот воздухоплов во светот.
„Си помислив, ако Хауард Хјуз можел да најде начин од дрво да направи огромен авион, зошто да не се употреби дрвото за материјал што е цврст како и челикот“, вели професорот Јано.

Трошокот за масовно производство на килограм целулозни нановлакна изнесува околу 9 американски долари, а Јано планира до 2030 година да го намали трошокот за 50 отсто, со што производот ќе стане економски исплатлива замена за челикот и алуминиумската легура, чија цена сега се движи околу 2 долари за килограм.
Цената на јаглеродните влакна, според индустриските експерти, до 2025 година треба да се намали на околу 10 долари за килограм

Следете не и на:

24AUTO NETWORK