“2 во 1” – VW ги продава Ducati и Lamborghini во пакет

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од изминатото лето Volkswagen Групацијата се обидува безуспешно да го продаде брендот Ducati. Сепак последните информации од германскиот прозиводител говорат дека се планира продажба и на другиот италијански бренд во портфолиото, Lamborghini.

Германците сега ја менуваат стратегијата и се убедени дека во пакет ќе успеат полесно да се продадат овие два бренда.

Германските медиуми пак, пишуваат дека како алтернатива се размислува формирање на нова компанија која ќе ја сочинуваат Ducati, Lamborghini и компанијата за дизајн Italdesign, а потоа и барање партнер кои би инвестирал за што би добил 49% или 51% од акциите во компанијата.

Раководството на најголемиот германски производител конечната одлука ќе ја донесе следниот месец кога е закажан состанок. Со парите од продажбата, VW би инвестирале дополнителни средства во програмот за електрични возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK