недела, 26 март, 2026 година

Рекордери: 1,6 милиони автомобили со вратена километража

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Враќањето на одометрите односно километражите не е својствено само за балканските земји, иако тука „мајсторите“ најмногу заработуваат токму на тоа. Во некои земји ова е строго забрането и се казнува, а се што е забрането секогаш е предизвик.

Според сторијата објавена од страна на американскиот канал NBC12, околу 1,6 милиони возила во САД имаат вратена километража, покажуваат резултатите од истрагата.

- Advertisement -

Оваа шокантна бројка ја откри Крис Басо, лидерот на тимот за истражување на оваа измама. Тој наведува дека годишно, потрошувачите во САД плаќаат неколку милиони долари повеќе токму поради вратените километражи што ги носи во заблуда во процесот на купување на половен автомобил.

Враќањето на километражите е многу лесен процес, а за тоа да се спроведе потребен е само еден уред кој се конектира со компјутерот на возилото. При тоа целиот процес трае не повеќе од 30 секунди.

Според податоците на CarFax, најголем дел од автомобилите со вратени километражи се продаваат во Тексас и тоа над 174 илјади, а по оваа сојузна американска држава следат Флорида, Џорџија, Илиноис, Вирџинија како и Аризона, Колорадо и Мичиген.

Во Македонија, иако нема официјални податоци, сепак јавна тајна е дека голем број од трговците со половни автомобили ги враќаат километражите прикажувајќи нереални бројки, а со тоа и нереални продажни цени.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја