четврток, 25 јули, 2025 година

Најголемиот европски тест на електрични автомобили започнува од плоштадот Свети Петар

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Официјалниот почеток беше во средата 22 јануари годинава, кога 12-ет електрични автомобили вклучени во тестот „Од 100% до 5%“ тргнаа од плоштадот Свети Петар во Рим, упатувајќи се кон најголемата обиколница за  отворен сообраќај во Европа, Grande Raccordo Anulare.

Целта на овој специјален тест, организиран петта последователна година од Motor1.com и InsideEVs, е да се измери ефикасноста во реални услови на возење, сфатена како просечна потрошувачка на електрична енергија. Сценариото е урбаниот автопат кој минува околу Рим во должина од 68,2 километри, што се карактеризира со многу променливи сообраќајни услови и брзина на патување помеѓу 30 и 130 km/h.

- Advertisement -

Резултатите ќе бидат објавени на 10 февруари, но првиот ден на тестот беше и можност за претставниците на главните здруженија во секторот да разговараат за стратешките прашања за транзицијата кон електричната мобилност. Дебатата беше воведена со говорот на Фелипе Муњоз, виш аналитичар на JATO Dynamics, кој го претстави европскиот преглед на студијата JATO Dynamics „Вистинската цена на електричен автомобил“.

На конференцијата и претходеше учество на делегација на претставници од производителите на автомобили и синџирот на снабдувачи на аудиенција (приемот) кај Папата, каде што понтифот ја доби како подарок скулптурата „Орбис“ дизајнирана од Пининфарина за да ја симболизира посветеноста на индустријата за еколошката транзиција.

Автомобилите протагонисти на „Од 100% до 5%“ 2025 година

Тестираните автомобили оваа година се 12 на број и се избрани меѓу најинтересните и нај-пристапните модели на пазарот, со цени од 25.000 до 40.000 евра, по азбучен ред:

Alfa Romeo Junior

Citroen eC3

Ford Explorer

Hyundai Inster

Kia EV3

Lancia Ypsilon

MINI Aceman

Omoda 5 EV

Renault 5

Skoda Elroq

smart #1

Volvo EX30

Овој незавиден тест, кој се карактеризира со голема организациска сложеност, беше поддржана и овој пат од спонзорите: Plenitude, како официјален партнер за полнење на автомобилите со електрична енергија, Pirelli и Ayvens.

„Вистинската цена на електричниот автомобил“

Студијата на Jato Dynamics „Вистинската цена на електричниот автомобил“ („The right price of the electric car “) нагласува како се забавува растот на електричните автомобили во светот: ако од 2019 до 2023 година има скок од 1,4 на 7,4 милиони единици, во следните дванаесет месеци BEV се зголемија „само“ за 1 милион и 200 илјади единици. На овој пазар на EV, 51% од возилата се произведуваат во Кина, 22% во Америка, 18% во Европа.

Извештајот нагласува како во последните 5 години просечната цена на електричните автомобили ширум светот бележи силен пад, додека просечните цени на цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување се зголемија: во еврозоната, особено, просечната малопродажна цена на „plug in “  автомобилите се намалија за 11% помеѓу 2018 и 2024 година, додека кај автомобилите со дизел или бензин е зголемена за 7%. Сличен тренд е забележан и во САД, со уште позначајно намалување на цените на BEV (-26%), во споредба со зголемувањето од 7% за „традиционалните“ автомобили.

Во Италија, каде се одвива ова тестирање и каде стапката на регистрација останува заглавена на 4%, далеку под европскиот просек, сепак поради недостигот на производи во сегментите А и Б, просечната малопродажна цена на електричните автомобили се зголеми за 15% за шест години. Зголемување што може да се објасни и со поголемата достапност, денес во однос на 2018 година, на поскапи возила. Фокусирајќи се на податоците за сегментите А и Б, јасно е дека во услови на контракција на понудата на модели со традиционални мотори (од 42 на 22 единици за само шест години), наместо тоа, постои растечка дифузија на електрични автомобили, од 8-те модели достапни во 2018 година до 13 минатата година. А 2025 година ветува дека ќе биде година на пресврт, па на тамошниот пазар ќе пристигна и неколку модели во сегментите А и Б, со пописна цена помала од 30 илјади евра, наменети да означат промена на правецот, констатираат специјализираните новинари кои ќе го следат ова „натпреварување“ на новите  12 BEV автомобили.

Според студијата на JATO, електричните автомобили на италијанскиот пазар се за 25% поскапи (во 2023 година процентот беше 34%) од „класичните со внатрешно согорување“. Досегашниот напредок на Запад на полето на понудата и намалувањето на цените изгледа незначителен во споредба со она што се случи во последните години во Кина: денес просечната малопродажна цена на електричен автомобил купен во Италија е 118% повисока од онаа на автомобилот што се купена во Кина. Истото важи и за Обединетото Кралство каде електричен автомобил чини во просек +122% повеќе одошто на кинескиот пазар и во САД каде процентот на повисоки трошоци достигнува +109%.

Просечната цена на електричниот автомобил во Италија денес е 64.844 евра, нешто над европскиот просек што изнесува 61.676 евра, односно на просекот во САД каде просекот изнесува 62.044 евра, далеку од ток во Кина, каде просечната цена на BEV автомобилите е повеќе од двојно помала, односно изнесува 29.682 евра

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја