Дефектите кај автомобилите понекогаш носат големи проблеми за сопствениците, а разликите можат да бидат толку големи што автомобил со поминати 100.000 километри може да биде во чувствително полоша ситуација од истиот таков модел во добри и совесни раце со 300.000 километри.
Многу сопственици на автомобили грешат во однос кон автомобилите, а тие грешки најчсто многу скапо се плаќаат.
За автомобилите е потребно квалитетно да се грижите, а во продолжение можете да видите шест грешки кои задолжително мора да се избегнуваат.
1.Игнорирање на „Check engine“ индикаторот
Индикаторот „Check engine“ не ја прикажува минливата грешка, па треба да му се посвети посебно внимание кога ќе се активира. Игнорирањето на овој индикатор може да резултира со скапа поправка.
2.Нередовна замена на масло и филтри
Маслото за моторот е како крвта за човечкото тело. Клучно е за исправната работа и никако не е препорачливо да не се почитува фабрички пропишаниот интервал за замена. Многумина сметаат дека единствено е важно да има доволно масло, а притоа да не се зема предвид дека со текот на времето својствата на маслото опаѓаат.
Замената на филтерот е еднакво важна бидејќи тој спречува нечистотиите да влезат кон виталните делови.

3.Занемарување на состојбата на гумите
Секогаш е важно да имате на ум дека целиот автомобил е во контакт со подлогата на површина помала од четири разгледници. Безбедноста на возење на големо зависи од состојбата на гумите, а состојбата на гумите директно е поврзана со староста, длабочината на профилот и исправниот притисок.
4.Прескокнување на сервисниот интервал
Произведувачот, распоредот на сервис и опсегот на работа на истиот го има пропишано со причина, па никакви импровизации не се добри.
Инженерите кои биле ангажирани на развојот на одреден модел на автомобил се добро запознаени со проектираната истрајност на одреден склоп, па ако сакате да избегнете непријатно изненадување, држете се до она што е пропишано.
5.Лоша хигиена на автомобилот
Одржувањето на чистотата во автомобилот повеќекратно ќе се врати. Полесно е да се воочи неправилноста, а исклучително е вжно на време да се отстранат сите честички кои би можеле да предизвикаат штета.

Тоа се однесува посебно на деталното перење после зимските услови кога многу празнини се полни со сол со која се посипуваат патиштата, а која на повисоки температури го нагризува лакот и со тоа овозможува напредување на корозијата.
6.Вие сте невимателен возач
Сите ненадејни движења, бркањето со ладен мотор, исклучување на жешкиот, шкрипење со гумите, непотребно нагло кочење, налетување на дупки и нерамнини…. Невнимателниот возач со таков пристап повеќекратно, а непотребно, ја зголемува потрошувачката на сите витални склопови и трајно нанесува штета на автомобилот.









