понеделник, 25 декември, 2025 година

Брзиот теренец е многу баран за гумите

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Спортските автомобили имаат многу голема потреба од добри гуми. Ова е особено важно кога станува збор за автомобил од типот СУВ бидејќи теренецот има големо оптоварување на пневматиците. Гумите кај спортскиот тип СУВ се изложени на особено големи товари. Независно дали станува збор за Porsche Cayenne или Lamborghini Urus – тука се неопходни гуми со високи перформанси.

„Споредбата на податоците на автомобилите покажува дека големите, брзи автомобили бараат повеќе од нивните гуми. Во однос на тежината, теренецот е за околу една третина потежок од обичен автомобил така што носивоста на гумите треба да биде повисока. За таа цел е развиен таканаречениот индекс на оптоварување XL, кој нуди повисока носивост од стандардната вредност особено кај џиповите“, објаснува Андреас Шленке од одделот за развој на гуми на Continental.

- Advertisement -

Потоа следува повисок центар на гравитација и подолг пат на суспензиајта. Ширината на патеката исто така е поголема отколку кај нормалните автомобили.

„За нас во развојот на гумите ова значи дека треба да вложиме многу напор за да обезбедиме безбедно запирање и прецизни својства на возење. Во крајна сметка максималната брзина на помоќните џипови не е значително под таа на спортските автомобили“.

Шленке го опишува фактот дека само мал дел од СУВ и 4х4 возилата се користат надвор од патот како „мало богатство за инвеститорот. Перформансите на безбедносните својства, нискиот отпор при движење и удобноста се доволен предизвик.

„Офроуд возењето исто така бара и погруб профил со добри својства за самочистење, дополнителна заштита од дефекти и масовно засилени страници на гумите. Таквата конструкција е одговарачка само во ограничен степен за брзи патувања по патиштата, бидејќи грубите канали исто така се блокирани од урнатини и камења на теренот, па нема доволно контакт при брзо запиање и вклучување на автопатот“.

Правилните офроуд гуми имаа озналки M + S. Тоа ја покаќува нивната особена соодвеност, на крајот на краиштата, M + S означува „кал и кал“. Затоа, сопствениците на џипови и возила со погон на четири тркала треба да рзмислат каде најчесто ќе управуваат со својот автомобил пред да купат гуми и да изберат гуми.

Шленке експлицитно предупредува да не се вози во зима со груби шари M + S гуми без симбол на снегулка и вели: „Погонот на сите тркала подразбира силно влечење при старт дури и по зимски патишта. Како и да е, сопирањето и вртењето со нормални теренски гуми на снег или дури и мраз се лоши, со што се ризикува како самото превозно средсатво така и сите други учесници во сообраќајот“.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја