сабота, 26 март, 2026 година

Грешки при прилагодувањето на воланот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Многу од возачите на моторни возила главното внимание го насочуваат на регулирањето на седиштето и на страничните ретровизори, но ја игнорираат позицијата на воланот.

Во доста од постарите модели на автомобили таквото регулирање недостигаше, но сега, речиси сите понови автомобили го имаат.

- Advertisement -

Многу лица грешат при позиционирањето на воланот. Затоа е добро да се знаат основните грешки кои се прават при подесувањето на позицијата на воланот.

Ниска положба

Не се малку возачите кои го поставуваат воланот на автомобилот во најдолна позиција, па тој речиси им ги допира колената. Тоа не треба да се прави поради две причини. Прво, во таква положба воланот се фаќа за горниот дел и вртењето е тешко. Воланот треба да се држи на позициите на 9 и 3 часот (ако визуелно си го претставите како аналоген часовник) и второ, горниот дел од воланот, го затвора делот од приборот на таблата со инструменти.

Висока положба

Некои возачи избираат, пак, друга крајност односно максимално висока положба на воланот. Тоа исто така е неправилно. Во речиси сите автомобили воланот е опремен со воздушно перниче. При евентуален удар еирбегот може да не навлезе во лицето на возачот, што ќе доведе до несакани и опасни повреди.

Премногу близу

Ризикот да се добие сериозна повреда од отворено воздушно перниче големо при таква положба на воланот бидејќи пиропатронот го истрелува со огромна сила и скршениот нос може да биде најмалиот удар. Покрај тоа може да се појават и други тешкотии при активно маневрирање бидејќи рацете се премногу стегнати.

Премногу далеку

Возачите, кои избираат најдалечна позиција на воланот од телото исто така грешат. Тие не се загрозени од силата на воздушното перниче, но, пак, ротацијата на воланот исто така е потешка во таква позиција. Лактите треба да бидат свиткаат под агол од 120 степени. Уште една причина при одалечениот волан е дека при долги патувања тоа ги заморува рацете.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја