ЗНАЕТЕ ЛИ: Кој е најпродаваниот модел на Alfa Romeo?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако 159-та се покажа како одличен автомобил, Giulia како технолошки најнапреден, сепак најпродаван автомобил на Alfa Romeo е моделот Alfasud.

Овој модел чие производство започна во 1972 година, до 1989 година е произведен и продаден во точно 1.017.387 примероци, вклучувајќи ја тука и Sprint верзијата. Оригиналниот дизајн е дело на Џорџето Џуџаро, а врз креирањето на овој автомобил свој удел имал и австриецот Рудолф Хруска.

Станува збор за автоомбил со должина од 3.890 мм, ширина 1.590 мм и висина од 1.370 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.455 мм додека тежината 865 кг. Во понудата бил достапен со четири бензински мотори: 1.2, 1.3, 1.4 и 1.5 литарски.

Покрај во Италија, овој автомобил се произведувал и успешно продавал и во Јужна Африка, Малезија и Малта.

По Alfasud, втор најпродаван модел е моделот 33 кој во периодот од 1983 до 1995 година е продаден во 989.324 примероци.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK