За оваа „банална“ причина може да бидете казнети во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Нашиот јужен сосед е една од омилените дестинации на нашите граѓани, и тоа не само во текот на летото, иако токму во овој период најмногу наши сограѓани решаваат да заминат таму на шипинг или одмор. Во Грција, на 30 март оваа година, стапиja во сила измени во Законот за патен сообраќај со кои се зголемија глобите за казните за сообраќајни прекршоци.

Најинтересно е дека полицијата може да ве казни за банална причина, ако немате резервни очила. Ова се однесува за оние возачи кои мораат да возат со очила и со истите се фотографирани на возачката дозвола. Полицијата покрај другите неопоходни рабооти што морате да ги имате во автомобилот треба да поседувате и резервни очила.

Глоби:
• недозволено паркирање – 40 до 80 евра
• превисока брзина – од 40 до 750 евра
• неврзани ремени – 350 евра
• непочитување на пешаците – 200 евра
• возење во алкохолизирана состојба – од 0,5 до 0,8 промили -78 евра, од 0,8 до 1,1 промили – 156 евра, над 1.1 промили – 625 евра
• опасно возење – 700 евра
• користење на мобилен телефон при возење – 100 евра
• врзување на сите ремени е задолжително
• задолжителен е триаголник
• задолжителен е противпожарен апарат
• задолжителна е прва помош

Еве уште некои интересни податоци доколку решите да патувате во Грција

Се на едно место: Што треба да знаете при патување во Грција

 

Ригорозни казни во Грција за пушење во автомобил со дете

Следете не и на:

24AUTO NETWORK