Новата Opel Insignia GSi е спортски седан за оние што сакаат нешто различно. Автомобил за максимална забава на секој пат. Динамично наместена суспензија и одличен „грип“ во комбинација со погон на сите тркала што обезбедува единствено возачко искуство, но и максимум на полето на сигурност. Новиот осумстепен менувач може да се користи и со рачките што ги има зад управувачот, како кај тркачките возила.
Новата Opel Insignia GSi премиерата ќе ја има на саемот во Франкфурт во септември.
Insignia GSi има полесна каросерија со ниско поставено тежиште и дволитарски турбо мотор. Резултат на тоа е идеален баланс и поволен однос на масата и силата.
Нагласените спортски карактеристики одат заедно и со адекватен спортски дизајн. Со големи хромирани отвори за воздух напред и спојлер во задниот дел за подобра стабилност на задната осовина, Insignia GSi и визуелно ги оправдува перформансите.
Ентериерот е оплеменет со кожа, спортските седишта се посебно развиени за моделот GSi, како и управувачот што исто така е обложен со кожа заедно со алуминиумски рачки за пренос на брзината се само некои од деталите што го комплетираат спортскиот имиџ.
Insignia GSi е побрза од силната верзија OPC на патеката Нирбургринг. Една од причините е што GSi е за 160 кг полесна. Силниот дволитарски турбо мотор има 260 КС, и можен вртежен момент од 400 Нм. Потрошувачката е задржана во прифатливи граници – 11,2 литри во градски услови, 7,1 литар на отворено и 8,6 литри о комбиниран циклус. Емисијата на ЦО2 е 197 г/км.
Моторот е заедно со нов осум степен менувач. Покрај бензинскиот мотор, GSi ќе се нуди и со силен дизелски мотор.