За неколку години доаѓа електричната Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

Лани, тогаш актуелниот извршен директор на Skoda, Томас Шефер, најави дека покрај Enyaq, чешката марка ќе има уште три електрични автомобили кои ќе се приклучат на нејзиното портфолио. Еден од нив ќе се базира на концептот Vision 7S кој го видовме на почетокот на оваа година, вториот ќе биде евтин електричен автомобил, но третиот електричен модел остана мистерија, или барем до сега.

Од британски Autocar доаѓа веста дека Чесите работат на електрична верзија на популарната Octavia, која треба да дебитира до крајот на оваа деценија.

Ова секако ќе се случи по 2025 година, а идниот модел ќе биде изграден на новата и технолошка SSP платформа. Во концептот Vision 7S, кој ќе ја користи и оваа платформа, батеријата е со капацитет од 89 kWh и е доволна за автономија од 600 километри.

Новата Octavia ќе биде со погон на предните тркала, обезбедена од два електромотори, по еден на секое тркало.

Во иднина се очекува да се појави порафинирана vRS верзија, која ќе додаде уште два електрични мотори на задната оска. Електричната Octavia ќе коегзистира заедно со верзиите со дизел и бензин најмалку неколку години, бидејќи Skoda планира да ги задржи конвенционалните модели најмалку до 2035 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK