VW Taigo фатен без маска

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на минатиот месец Volkswagen потврди дека на европскиот пазар ќе лансира нов кросовер под името Taigo. Се работи за европска верзија на моделт Nivus кој од минатата година се произведува во Бразил за јужноамериканскиот пазар.

Во пресрет на премиерата овој автомобил е фатен целосно без маска во Шпанија. Од фотографиите може да се заклучи дека овој кросовер е со идентичен изглед како и моделот Nivus.

Се темели на MQB A0 платформата. Должината изнесува 4,266 мм, меѓуоскиното растојание 2.566 мм, а капацитетот на багажниот простор 415 литри. Засега не е познато со какви мотори ќе дојде во понудата. Nivus во Јужна Америка се продава со 1,0 литарски TSI бензински мотор со шес степен автоматски менувач.

Премиерата се очекува во текот на летото, а во производство влегува во втората половина од годината. Ќе се произведува во Памплона, Шпанија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK