VW почна со „загревањето“ за освежениот ID.3 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Пролетва треба да биде премиерата на освежената верзија на VW ID.3, компанијата почна и со најавите преку различни видеа. Сега го објави првото видео откако претходно беа објавени скиците на моделот. Дојде и потврдата дека дебито ќе биде на 1 март.

Најавата за новата верзија на ID.3 компанијата ја објави на почетокот на декември минатата година, кога Volkswagen објави дека електричниот автомобил ќе понуди голем број подобрувања во клучните области, вклучувајќи поврзување, опрема и технолошко обезбедување, илустрирано со нова 12-инчна централна табла со инструменти.

Во однос на технологијата, Volkswagen објави дека новата генерација на ID.3 ќе има Plug & Charge функционалност, интелигентен Планер на рути на електрични возила, Travel Assist со функционалност Swarm Data, Park Assist Plus со функција за меморија и други.

Задниот дел со светлата за рикверц поделен на два дела, давајќи нов изглед. Тие се дел од остар и уште попривлечен дизајн“, стои во објавата на Linkedin на компанијата.

Ќе се променат и другите елементи на Volkswagen ID.3, како што се предните светла и пред сè ентериерот каде треба да пристигне нов монитор на допир од 12 инчи. Материјалите и склоповите исто така треба да добиjaт освежување и надградба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK