Од Vоlkswаgеn работеа засилено на плановите да станат најпродаваниот бренд кај електричните автомобили, а планот е претставувањето на ред на автообили на струја да трае постојано во текот следните неколку години.
Во моментов е познато дека ќе бидат видени купето SUV ID.5 и електричниот автобус ID.Buzz, a најновата вест вели дека следната година компанијата ќе го презентира и ID.8.
Тој ќе се појави како најголемиот електричен СУВ на брендот и ќе ги дели димензиите со произведениот Atlas за Америка.
Се очекува електричниот ID.8 да нуди место за седум луѓе, а највероатно ќе нуди и конфигурација со два електромотори со системска моќност од 306 коњски сили, погон на четири тркала и поголема батерија за брендот од 77кВч.
Сè уште не се знае точниот датум за премиерата на новиот модел, но најверојатно тоа исто така ќе стане познато наскоро.