VW ID.3 ќе се произведува и во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот целосно електричен хечбек на Volkswagen, моделот ID.3 наскоро ќе започне да се произведува и во Кина, соопштуваат од кинеското Министерство за Индустрија и Информатичка технологија.

Производството ќе го споведува SAIC Volkswagen, заедничката компанија на SAIC Motors и Volkswagen, а истото ќе се спроведува во Антинг фабриката лоцираната во близина на Шангај.

Почетокот на производството ќе започне наскоро, веднаш чим локалните власти ги издадат потребните дозволи а засега останува нејасно колкав ќе биде годишниот капацитет, но и со какви технички карактеристики ќе располага овој модел произведен во Кина.

Засега е познато дека од оваа фабрика овој автомобил покрај на домашниот кинески пазар ќе биде дистрибуиран во земјите од АСЕАН како и Австралија и Нов Зеланд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK