Новиот Amarok од Volkswagen Комерцијални возила победи и пик-апот ја добива награда за пик-ап н агодината по трет пат по 2011 година (за годините 2012 и 2013) и 2017 година (за годините 2018 и 2019 година). Овој пат, Amarok го дели првото место со својот партнер за соработка Ford и неговиот модел Ranger за 2024 и 2025 година.
„Меѓународната награда за пик-ап“ презентирана од жирито отиде кај новиот Amarok од Volkswagen Комерцијални возила по трет пат. Новиот модел, развиен во соработка со партнерот Ford и достапен на првите пазари во светот од крајот на 2022 година, ги импресионираше 20-те членови на меѓународното жири за време на овогодинешните тест возења во Октомври.
„По групните тестови IPUA 2023, одржани минатиот месец во Грција, новиот Amarok импресионираше. Иако е проект во соработка, дизајнерскиот тим на VWCV успеа да ги одржи уникатните стилски и возни особини на компанијата, за што сведочат клиентите“, објаснува Џарлат Свини, претседател на жирито на IVotY и IPUA и автомобилски новинар од Ирска. Затоа, Amarok отсекогаш победувал со најновиот модел – на првиот, четвртиот и сега седмиот пик-ап тест на меѓународно жири на IPUA во 2023 година.
Во 2023 година, новиот пик-ап е достапен за нарачка на повеќето пазари. На некои пазари, Amarok и некои од неговите моделските варијанти се веќе распродадени за 2023. Новиот Amarok е изграден во фабриката Силвертон во Јужна Африка.
Volkswagen Комерцијални возила го носи новиот пик-ап во Германија и Европа во пет моделски серии како TDI дизел возило со четири варијанти на мотор/менувач; бензински верзии, модели со една кабина и помали дизел варијанти се исто така достапни во други пазари надвор од Европа.