Втората генерација на Duster со еволутивен дизајн за нова успешна приказна

ОБЈАВЕНО НА:

По седум години присуство на пазарот од Dacia решија дека е време за нов играч, и пред саемот во Франкфурт ги објавија првите детали за новата генерација на првиот СУВ на компанијата. Евтиниот СУВ донесува еволутивен дизајн што треба да му помогне на брендот да ја продолжи успешната приказна на Duster. Oд промовирањето на првиот модел во 2010 година, се продадени повеќе од еден милион Duster возила

Со зачувување на ДНК од моделот, целосно новиот Duster комбинира атлетски дизајн со вистински автентичен карактер, што е нагласено со сосема нова боја на телото – Atacama Orange.

Карактеристичната предна решетка на Duster достигнува светлата лоцирани на крајните агли на автомобилот и го прави моделот да изгледа поширок. Новата идентификација на светлината вклучува LED дневни светла, поделени во три дела. Хоризонталните кривини на поклопецот на моторот придонесуваат за уверлив изглед на поставено возилото.

Повисоката средна линија го надополнува впечатокот за силата и заштитата на патниците. Предното стакло е издадено напред за 100 мм. во однос на претходниот Duster и е по вертикален, правејќи ја кабината подолго и така да изгледа попространа.

Новите алуминиумски покривни шини, посебна се карактеристични за СУВ возила, ја прошируваат линијата на предното стакло за подинамичен изглед. Тркала со 17 инча се комбинираат со подвлечени лакови над тркалата. Засега Dacia не ги открива технички податоци.

Тоа го остави за десетина дена кога ќе почне саемот во Франкфурт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK