Volkwagen одлично се справува со кризата – 2,75 милијарди евра профит во третиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen се чини дека се справува најдобро со коронакризата, споредбено со конкурентите во автомобилската индустрија. Доказ за тоа е позитивниот финансиски резултат кој го оствари во третиот квартал годинава.

Според официјалните финансиски податоци, во периодот од 1 јули до крајот на септември, германскиот производител остварил нето добивка од 2,75 милијарди евра. Ова претставува огромен скок ако се знае дека првите три месеци годинава заврши со нето загуба од 1,53 милијарди евра.

“Коронавирусот останува централен проблем. Ситуацијата е се друго само не опуштена” изјави главниот финансиски директор на Volkswagen Френк Витер на прес конференцијата за новинарите.

Иако значително пониска во споредба со минатогодишната, сепак годишната добивка се очекува да биде во позитива.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK