Volkswagen можеби сепак нема да ги затвора германските фабрики

ОБЈАВЕНО НА:

Договорот може да ги задржи работите  какви што се до 2030 година, но преговорите се во тек...

Volkswagen има финансиска криза, но би можело да има решение што не завршува со затворање на погоните во Германија. Тековните преговори, наводно, укажуваат на договор кој би можел да ги задржи работите најмалку до 2030 година. Сепак, тој не доаѓа без отстапки.

Детали не се познати, а ништо не е официјално. Во извештајот на Bloomberg се тврди дека менаџментот на VW е отворен за одржување на погоните отворени и враќање на договорите за безбедност на работното место доколку работниците се откажат од исплатата на бонус. Покрај тоа, VW ќе го премести производството на Golf од Волфсбург во фабрика во Мексико и ќе го прекине производството на електрични возила со брендот VW во големата фабрика на компанијата во Цвикау. Овој објект моментално гради ЕV за VW, Audi и Cupra.

Во извештајот се цитираат анонимни извори запознаени со преговорите, нагласувајќи дека разговорите се уште се во тек. VW засега нема коментар.

Ако веста е точна, тоа е голем пресврт од ставот на VW дека затворањето на погоните е неопходно за опстанок. Пред едвај еден месец, извршниот директор на брендот VW, Томас Шефер, изјави за германското издание Welt am Sonntag дека компанијата не гледа начин за напредување без затворање на барем една фабрика. Во исто време, работниот совет на VW предводен од вработените предложи големи намалувања на платите и суспендирани бонуси како алтернатива за затворање на погоните. Советот и синдикалната групација IG Metal се заканија со масовни штрајкови против VW доколку дојде до какво било затворање.

VW никогаш не затворил фабрика на својот домашен пазар во Германија. Кога започна целата оваа „турканица “, големата фабрика на автопроизводителот во Оснабрук и помалата фабрика во Дрезден беа фокусни точки за можни затворања.

Дрезден е објект со низок волумен кој го дополнува производството на ID.3 во Цвикау.

Оснабрук ги произведува Porsche 718 Boxster и Cayman, како и T-Roc Cabriolet. Сите три модели наскоро треба да завршат со производство, иако Porsche се бори да не ги згасне моделите со електричните замени на „718 “.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK