Во Volvo Cars сите слават, а причината е повеќе од легитимна – продадени 380.757 нови автомобили во првата половина од годината што е за 41% повеќе во истиот период минатата година, а воедно и историски највисока продажба.
Најголем дел од продадените возила се испорачани во Европа, нешто над 165.000 што е за 45% повеќе во однос на 2020 година. Втор најголем пазар за шведскиот бренд останува кинескиот каде се продадени 95.252 нови Volvo автомобили додека во САД се продадени 63.754 нови автомобили.
Во поглед на продажбата по модели, најпродаван модел е XC40 со продадени 118.121 примерок. Следи XC60 со 113.500 примероци, а натретата позиција е XC90 со 54.177 примероци.
Инаку само минатиот месец Volvo испорача 68.224 нови возила што претставува 11% повеќе во однос на јуни минатата година.