Наместо ангажирање луѓе и возила кои би ги фаќале прекршителите на правилата и би им пишувале казни во В.Британија, полицијата државниот буџет го полни со поставување на радари. Тие се вистинска фабрика за пари, а заработувачката на годишно ниво од само еден радар е со шест цифри, и во стотици илјади фунти.
Радарите ги „фаќаат“ возачите што ја надминале дозволената брзина на патот, а потоа преку пошта им се испорачува казната за плаќање. Британската полиција ги објави десетте најпрофитабилни радари во државата.
Најпродуктивен е оној на автопатот М1 кај Грејт Понтон кој лани „напишал“ повеќе од 6.000 казни, а несовесните возачи требало да платат 606.400 фунти, односно повеќе од 722.000 евра. Следниот „најпрофитабилен“ радар заработил околу 694.800 евра и регистрирал 5.830 прекршувања.
Лани само Топ-10 радари во В.Британија донеле приход во буџетот од 3,7 милиони евра. На автопатиштата во Б.Британија има инсталирано 3.300 статични радари.
Казните во В.Британија за пречекорување на брзината се од 120 евра па до 2.980 евра. Се добиваат и казнени бодови.