Во Србија се спрема нов Закон: Кој ќе „ја загуби“ возачката ќе мора да оди на психијатар

ОБЈАВЕНО НА:

Добивањето на возачка дозвола само по себе не значи дека доживотно можете да управувате автомобил од соодветната категорија. Доколку во текот на вашиот возачки живот правите прекршоци покрај паричните казни може да добиете и негативни поени. Ако соберете доволно поени може возачката дозвола да ви биде одземена, и потоа од почеток да морате да полагате.

Секоја земја се обидува да ги натера учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. Во спротивно следуваат казни. Соседна Србија подготвува измени во Законот за безбедност на сообраќајот според кој дополнителни казни ќе има за оние што ја „загубиле“ возачката и пораат повторно да полагаат.

Покрај повторното присуство на семинар за возење, возачите кои ќе ја изгубат дозволата, најверојатно ќе треба да бидат подложени и на построг лекарски преглед, кој исто така вклучува проценка од психијатар и психолог. Возачите кои ќе останат без возачка дозвола поради собирање на голем број негативни поени, покрај присуството на семинари за возење, ќе треба да поминат и подетален медицински преглед.

Новите измени и дополнувања на Законот за безбедност во сообраќајот ќе вклучуваат попрецизни прегледи при регистрација за возење, а возачите на кои им се одземени лиценците ќе треба да поминат психолошка проценка.

– Деновиве многу се зборува за тоа и се поизвесно е дека возачите на кои им е одземена лиценцата прво ќе мораат да поминат некаков вид психолошка проверка, за да им биде вратена лиценцата. Ова ќе вклучува детален преглед од стручен, психијатар или психолог, кој ќе утврди дали таа личност е подготвена да учествува во сообраќајот – вели директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот, Душко Пешиќ.

Оваа одлука би требало значително да го намали бројот на повратници кои прават сообраќајни прекршоци, често веднаш по повторно добивање на дозвола.

– Покрај тоа, лекарскиот преглед за возачи кои само што се запишуваат во автошколи веќе нема да биде само формалност. Проценката на психологот ќе биде од многу поголема важност, а ваквите прегледи ќе бидат многу подетални – вели Душко Пешиќ.

Агенцијата за безбедност во сообраќајот ќе предложи во рамките на измената и дополнувањето на Законот за безбедност во сообраќајот, да се обезбеди трајно одземање на возачката дозвола и возилата за несовесните возачи кои не се подготвени да го променат однесувањето.

Агенцијата открива дека во текот на осум години имало повеќе од 8.000 возачи кои собрале 18 казнени поени и морале повторно да поминат обука, но тие наведуваат дека меѓу нив имало 32 возачи кои досега двапати ја изгубиле возачката дозвола.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK