Во Крагуевац уништиле Ferrari – запрел дури 300 метри по ударот во бетонска ограда (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во сообраќајна незгода која се случи во Крагуевац во целост е уништен Ferrari автомобил. Сообраќајната незгода се случила во близина на центарот на градот близу стадионот Палилула.

Незгодата се случила во раните утрински часови кога од засега непознати причини возачот на спортскиот автомобил изгубил контрола и удрил во бетонската ограда, а успеал да сопре дури 300 метри по првиот удар.

Не е познато дали има повредени лица, а локалната полиција не ги открива причините за сообраќајната незгода.

Српските медиуми пишуваат дека автомобилот бил во сопственост на фамилија повратници од САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK