Сообраќајните полиции во Европа кои се здружени во ROADPOL секој месец спроведуваа акции со кои се обидуваат да влијаат на однесувањето на учесниците во сообраќајот, а последната беше за употребата на телефони зад управувачот. Со последната акција биле „фатени“ 39.504 возачи кои користат рачни мобилни уреди додека возат за време на најновата акција на ROADPOL низ Европа.
Операцијата беше спроведена во октомври од страна на членовите на Европската мрежа за полиција за патишта и беше насочена кон забранета употреба на мобилни телефони, други технички уреди и други форми на одвлекување внимание.
Прописите за одвраќање од користење на ваквите уреди додека возите во европските земји варираат, но во повеќето од нив е забрането користење на мобилен уред без опрема без раце додека возите. Полицијата на земјите-учеснички каде биле спроведена оваа операција открила 44.811 различни видови прекршоци.
Од нив 39.504 возачи го користеле мобилниот телефон за да се јават или да пишуваат пораки додека возеле без хедсфри опрема, а 113 возачи го користеле својот уред како систем за навигација (исто така без хендсфри).
Голем број од возачите, вкупмо 5.195 биле фатени со други извори на одвлекување на вниманието, како што се гледање ТВ или ДВД, читање весник или јадење додека возат. Последново е забрането во Швајцарија и Полска за возачот додека превезува еден или повеќе патници во возилото.
ROADPOL e мрежа на европски сообраќајни полициски сили. Предводен од високи полициски службеници, ROADPOL е првенствено посветен на намалување на бројот на смртни случаи и сериозни повреди на европските патишта. Членови се сообраќајните полициски сили на различни европски земји, но отворени се и за земји надвор од Европа, бидејќи не треба да има граници за спасување животи. Вкупно 28 змеји чекнуваат тука, а од нашето соседство таму се Србија и Бугарија. Македонија не е членка.
За време на акцијата „Фокус на патот“ полицијата проверувала и за прекршоци за не користење на безбедносните појаси. Вкупно 40.306 возачи и патници не го користеле појасот. Во неколку земји за време на операцијата, возачите биле проверени и за употреба на алкохол и дрога. Во Холандија тоа резултирало со 422 возачи само под дејство на алкохол и 335 возачи под дејство на дрога со некои случаи во комбинација со алкохол.
Следната операција на ROADPOL „Камион и автобус“ штотуку заврши со резултати кои наскоро ќе бидат објавени. Потоа декември е месецот кој традиционално се планира за операцијата „Алкохол и дрога“.