Во БиХ има нов сообраќаен знак!

ОБЈАВЕНО НА:

На магистралниот пат Бихаќ – Босански Петровац, кај месноста Липа, официјално беше поставен првиот сообраќаен знак „мечка на пат, возачи внимавајте“ со силуета на кафеава мечка. Иницијативата за поставување на овој знак ја покрена ловечката организација од Бихаќ.

По извршената анализа на стручната служба на ЈП „Патишта на ФБиХ“ и разгледување на барањето за поставување на соодветна сообраќајна сигнализација, во вид на предупредувачки знак „мечка на пат“, донесена е одлука за дополнување на постојната сообраќајна сигнализација, која се користи на патиштата во ФБиХ.
Знаци сообраќајниот знак „мечка на пат – возачи внимавајте!“ вклучени во списокот на официјални сообраќајни знаци.

Новиот сообраќаен знак е поставен откако настрадаа мали мечиња на патот – едниот настрада во 2019 година, а другото годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK