Внимавајте! Вредноста на овие автомобили најмногу паѓаат за три години

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на нов автомобил знае да биде доста стресна работа, особено ако при купувањето се базираме на разумот, а не на срцето. Во тој случај анализираме бројни информации и податоци, а една таква е и тоа колку ќе биде вредноста по неколку години.

Британскиот магазин за автомобилизам What car? спроведе студија во која опфати илјадници податоци од пазарот на половни автомобили. При тоа, ги претстави 10-те модели кои најмногу ја губат вредноста во првите три години. Во студијата, при анализата се опфатени оние автомобили кои во првите три години имаат поминато повеќе од 60 илјади километри.

Листата започнува со Citroеn Spacetourer опремен со 1.5 Blue HDi мотор. Овој автомобил по третата година задржува само 33,8% од својата вредност односно губи 24.505 фунти. Доколку се решите да купите Opel Astra опремен со 1,5 литарски турбо мотор, во тој случај по третата година ќе загубите 15.775 фунти од оние 23.675 фунти кои сте ги платиле при купување на автомобилот.

Кабриолет верзијата на BMW Серија 2 задржува 33,2% од вреднста по третата година односно во апсолутни бројки 30.310 фунти. На листата се наоѓа уште една верзија на Серија 2. Станува збор за Active Tourer кој доколку го купите за 29.975 фунти, по третата година ќе изгубите 18.775 фунти.

Mercedes SL задржува само 32,9% од вредноста, но кај овој автомобил би изгубиле високи 59.910 фунти. S класата на Mercedes по третата година задржува само 29,4% од вредноста односно по три години овој автомобил може да го продадете за 36.800 фунти.

Peugeot 108 се најде на листата поради тоа што губи 8.785 фунти или 31,3%, а место тука има и за Fiat 500C чија вредност по три години изнесува 29,2% од фактурната вредност и Opel COmbo Life со процент од 28,8%. Најлошо котира Audi A8 кој доколку го купите за 106.305 фунти, по три години ќе вреди 28.975 фунти односно би изгубиле 77.330 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK