Внимавајте! Во овие европски земји има најмногу сообраќајни камери

ОБЈАВЕНО НА:

Напредната технологија голема примена наоѓа и во сообраќајот. Наместо традиционалните патроли и пресретнувачи, се повеќе и повеќе европски земји на патиштата поставуваат сообраќајни камери задолжени за контрола на почитувањето на сообраќајните правила.

Благоарение на овие камери, и најмалото прекршување на сообраќајните правила е експресно санкционирано.

Британската компанија Zutobi која меѓу другото прибира и обработува најразлични статистички податоци, објави листа на земји со најмногу сообраќајни камери поставени на јавните патишта.

Најмногу сообраќајни камери во Европа се псотавени на патиштата во Италија и тоа 8.073 што е убедливо повеќе од на пример Германија каде се поставени 3.813 сообраќајни камери и Франција каде се поставени 2.406 сообраќајни камери.

Според студијата, во Австрија има 1.182 камери, во Словенија 113, а во Чешка 149. Најмалку сообраќајни камери има поставено во Словачка и тоа само 13 низ целата земја.

Zutobi наведува и дека најригорозни казни може да се добијат во Норвешка, Италија, Велика Британија, Грција и Холандија, а најмалку ригорозни во Албанија, Летонија, Чешка, Словачка и Полска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK