Владимир Тренески со победа во дебито сезонава во Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

На својата прва трка сезонава во Twingo Cup, Владимир Тренески го освои првото место во бодувањето за првенството на Македонија, на трката возена на Словакија Ринг во Словачка. Тој беше најдобропласираниот македонски возач на оваа трка во конкуренција на вкупно 27 возачи, освојувајќи го 11. место во генерален пласман.

Ова се првите 20 бода што Тренески ги освои сезонава. На второто на трката во конкуренција на македонските возачи се најде Ангелче Стојкоски кој беше веднаш зад Тренески во генерален пласман, а трет беше Емил Нацка кој беше 16 пласиран на трката севкупно.

По трите извозени трки на табелата во Twingo Cup води Ангелче Стојкоски со 42 бода, пред Давид Малинковски со 32 бода, пред Мартин Костовски кој има 30, а на ова атрка остана без пласман и бодови.

Следната трка се вози утре, исто така на Словакија Ринг.

Во севкупен пласман на трката триумфираше Ник Стефанчич од Словенија, пред Лука Глазер и Том Грунфелд, сите од Словенија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK