Трката на Монца од TCR Europe првенството што викендов се вози во Италија може да донесе многукратно славје во тимот на Comtoyou Racing чиј член е нашиот Виктор Давидовски. Тој има големи шанси уште во Италија да ја прослави титулата во Diamond Trophy. Неговиот тимски колега Франко Џиролами ја „мерка“ титулата во конкуренција на возачи, а тимот во конкуренција на тимовите во TCR Europe.
До крајот на сезоната остануваат уште два тркачки викенди, овој во Италија и на крајот од октомври во Шпанија. Тимот на Comtoyou Racing има 566 бодови пред Volcano Motorsport со 440 бодови.
Кај возачите Франко Џиролами возди со 305 бодови, а втор е Џош Фајлс со 227, а трет е Том Коронел со 214. Давидовски е седмопласиран во конкуренција на 29 возачи со 152 бода.
Денеска с еслободните тренинзи, а утре изутрина во 9,30 се квалификациите и првата трка од 13,40 часот. Втората трка е закажана з ав недела од 12,25 часот.
На Давидовски му треба да има 51 бод повеќе во однос на Евгени Леонов за да ја освои титулата во неговата конкуренција, Diamond Trophy. Нашиот возач во моментов има 198 бода, а Леонов е втор со 136 бодови. Разликата е 62 бода, но има уште четири трки. Доколку после двете трки во Италија разликата меѓу нив е 51 бодoви тогаш Давудовски ќе може и да слави.
Во Diamond Trophy Конкуренцијата има осум возачи и бодувањето е 25 бода за најдобропласираниот на трката, 18 добива вториот, 15 третиот и 12 четвропласираниот. Од девет досегашни трки Давидовски на шест беше најдобар.
За да биде Франко Џиролами шампион во конкуренција на возачи во TCR Europa Му треба да има 97 бодови предност откако ќе заврши викендот во однос на второпласираниот. Вкупно 96 бодови се на располагање на едне тркачки викенд, од што по 40 бодови е за победа, а 16 максимум може да се добие за двете квалификациски сесии.