Британскиот производител на луксузни возила Bentley по повод 99 години од постоењето на својот официјален YouTube канал објави кратко видео. Во видеото Bentley потсетува на неколку свои легендарни модели, на нивниот развој како и на најзаслужните лица за издигнувањето на овој бренд.
Инаку се започна во 1919 година кога браќата Bentley во Кру (Англија) ја основаа Bentley Motors Limited. Од оваа година па се до денес, развојот и пазарното позиционирање на Bentley придонесе овој бренд да стане синоним за луксуз.
Така ако се погледнат сите актуелни модели (Continental, Bentayga, Mulsanne, Continental GT) сите тие изобилуваат со луксуз.
Од 1998 година Bentley е составен дел од Volkswagen групацијата, а денес со годишно производство од 10-15 илјади автомобили има значаен удел во пазарот на ултра луксузни автомобили.