Вистински ѕвер, новиот Ferrari 488 Pista забрзува до 100ка побрзо отколку фабричкото време. Според адреналинското видео кое се појави на интернет, најновиот модел на италијанскиот спортски производител до 100ка забрзува за неверојатни 2.26 секунди што е за половина секунда подобро време од фабричкото. До 200 пак, на 488 Pista потребно му е време од 6.94 секунди што секако дека е импресивно време.
Инаку овој спортски автомобил располага со 3.9 литарски твин турбо V8 мотор со 710 КС што го вбројува овој автомобил меѓу најмоќните во моментов.