Цените на билетите за траект во Грција се меѓу најскапите во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на траектите во Грција се меѓу највисоките во Европа, се вели во студијата објавена оваа недела од веб-страницата за транспорт Виванода.
Според студијата која проценила повеќе од 110.000 цени на билети за фериботи, Грција е единаесеттата најскапа земја во Европа во која се патува со траект, а домашните цени на билетите се продаваат во просек за 59,48 евра по лице на 100 километри.

Турција е прва на листата со 163,39 евра на 100 километри по човек, а потоа следат Велика Британија (105,10 евра) и Мароко (104,42 евра).

Фериботите меѓу Грција и Турција и меѓу Мароко и Шпанија се пропорционално најскапи во Европа. Цените на траектот меѓу Грција и Турција во просек се 210,86 евра по патник на 100 километри. Патра од Венеција и Анкона се најевтините ферибот линии во Грција.

Најевтини биле билетите за траект за Тунис, Литванија, Летонија, Полска и Шведска.

Дополнително, највисоки цени имаат фериботот до Турција, В.Британија и Мароко, додека траектите меѓу Германија и Литванија или Летонија се најевтини во однос на поминатото растојание.

Студијата заклучи дека севкупно, колку е пократок преминот, толку е поскап, а цените низ Европа се во просек повисоки од јули до септември и за време на викендите. Во Грција цените на фериботите се многу пониски од ноември наваму, но многу фериботи се суспендирани во текот на зимскиот период.

Исто така, цените на траектот во Грција може да бидат пониски доколку билетите се купат преку Интернет.

Индикативно, Италија е шестата најскапа земја во Европа кога станува збор за патување со траект: линијата Италија – Малта во просек чини 99,99 евра, додека релацијата Италија – Франција чини 76,99 евра. На 28. место на листата линијата Грција – Италија во просек чини 23,53 евра.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK