Стар Trabant претворија во модерно електрично возило

ОБЈАВЕНО НА:

Деновите на автомобилот Trabant се завршени одамна, но сега се појавија гласини за можно враќање на возилото во живот и како произведувач на електрични машини. За време на оваа етапа ништо уште не е официјално, но механичар од Германија демонстрираше во практика како треба да изгледа современ Trabant со „електрично срце“.

Момчето користи купе од оригиналното возило Trabant, но под хаубата не се наоѓаа двотактниот мотор од 600 кубици туку електричен систем. Автомобилот има тежина од 600 килограми, а цената за изработка до финален производ е околу 15.000 евра.

Техничките детали не се целосно познати, но се знае дека возилото може да помине околу 100 километри со едно полнење на батериите. Најверојатно е можна и повисока вредност за минување на подолга релација, но тогаш тежината на автомобилот ќе се зголеми значително поради поголемите батерии.

Внатрешноста исто така е далеку од оригиналот. Создавачите на возилото се справиле доста добро со задачата да го зачуваат ретро дизајнот, но притоа користеле модерни детали и материјали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK