Се појавија првите шпиунски фотографии од новиот HR-V (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Точно осум години откако Honda ја претстави втората и актуелна генерација на моделот HR-V, се појавија првите шпиунски фотографии, но и рендер од третата генерација.

Од шпиунските фотографии не може многу да се заклучи околу изгледот, но судејќи по рендерот кој го објави HALO OTO тогаш може да се видат значителните измени во надворешниот изглед.

Секако, овој рендер е неофицијален, а за премиерата треба да почекаме уште некој месец. Јапонските медиуми наведуваат дека истата ќе се случи на пролет, а производството кон крајот на годината најпрво ќе започне во Јапонија и Кина, а потоа овој модел ќе биде достапен и на останатите пазари.

https://youtu.be/cKXA8Ak2Yd0

За прв пат во понудата овој модел Honda го воведе во 1998 година. Првата генерација која се произведуваше во Сузука, на пазарот се задржа се до 2006 година. Во 2013 година, беше претставена втората генерација која доживеа глобална популарност поради што се произведуваше 10 земји ширум светот: Јапонија, Мексико, Бразил, Аргентина, Кина, Индонезија, Малезија, Тајланд, Тајван и Нигерија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK