Додека сите останати производители на автомобили мака мачат со продажбата и бележат загуби, PSA Групацијата е еден од ретките производители кој оствари профит во првата половина од годината.
Во првите шест месеци од годината профитот на оваа Групација забележал значителен пад, но и покрај тоа е во плус. Така остварен е профит од 1,83 милијарди евра и покрај падот на продажбата од 35%.
“Резултатот на работењето и финансиската состојба ќе зависи од идните движења кои и натаму остануваат неизвесни и тешко предвидливи” соопштуваат од најголемиот француски производител.
Оттаму наведуваат дека очекуваат задржување и зголемување на профитот и во вторатап оловина од годината како и следната година со оперативна маржа поголема од 4,5%.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]