M-Byte со 48 инчен екран влегува во сериско производство

ОБЈАВЕНО НА:

Во јануари годинава кинеската компанија Byton го претстави концептот M-Byte кој тогаш го најави како концепт со најголем екран осетлив на допир од 48 инчи. Сега, овој производител и официјално потврдува дека овој, тогаш концептен автомобил ќе влезе во сериско производство и тоа со идентичен ентериер како и концептот што значи дека ќе го име најголемиот дисплеј.

Станува збор за 48 инчен екран што е еднакво на 7 iPad-а или далеку поголем од сега најголемиот дисплеј вграден кај автомобилите на Tesla чија големина изнесува 17 инча. Покрај овој централно поставен дисплеј, M-Byte моделот на кинескиот производител има и 7 инчен екран сместен на управувачот со што станува првиот автомобил со дисплеј осетлив на допир на управувачот. Преку овој дисплеј ќе се задаваат вообичаените команди што сега возачот може да ги зададе преку класичните мултифункционални управувачи.

Како конкурент на моделот X на Tesla, овој автомобил најпрво ќе се појави на домашниот, кинески пазар, а планирано е да биде и првиот модел на овој кинески производител кој ќе се извезува во Европа.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK