Дали е рекорд: За еден ден казнети 727 возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата континуирани спроведува контроли во сообраќајот, но и покрај тоа возачите се уште се многу опуштени. Стискаат на педалот за гаста, а тоа носи казна.

Споре динформацијата од МВР, во текот на вчерашниот ден (5 февруари 2023) биле спроведени засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 727 возачи. Бидејќи МВР не дава други податоци, ова сигурно е меѓу рекордните бројки на казнето возачи.

Од нив 49 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 369 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 358 надвор од населено место.

А МВР ги проверува возилата и по други основи. Во периодот од 30.01.2023 до 05.02.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 38 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK