Најпопуларниот спорт во светот е фудбалот, и таму се вртат најмногу пари. А каде има пари има и многу публика, влијание и популарност. Автомобилските компании се меѓу најпопуларните спонзори, и тие трошат стотици милиони за поддршка на фудбалските клубови, и станува престиж кој фудбалер или клуб ќе вози одреден автомобилски бренд.
Рекламата на авто производителите често се гледа на дресовите на некои спортски клубови. Понекогаш ќе видите и чудни партнерства, но пред сѐ најважно е да се добие добар публицитет, реклама и таа да допре до што е можно повеќе потенцијални купувачи.
Кои се најголемите спонзори од автомобилската индустрија во фудбалот.
Citroen – Арсенал
Кога Французи спонзорирааt англиски клуб тогаш многумина се чудат, но оваа соработка трае веќе девет години, а во 2014 година истиот беше продолжен.
Citroen не е главен спонзор во клубот, но ужива популарност. Се наоѓаат меѓу главните маркетиншки партнери, и секогаш се меѓу главните фактори во промоциските активности. Го снабдуваат и целиот тим со модели на автомобили и комби возила. Тие се официjaлен превозник на играчите за натпреварите во Премиер лигата.
Оpel – Мајнц
Германската компанија активно е во фудбалот како спонзор од 2012 година, и покрај Мајнц ги спонзорираат и Борусија Дортмунд, Бајер Леверкузен и Фрајбург. Сепак најголем фудбалски партнер е тимот на Мајнц
Лани откако беше продолжен договорот со Opel, клубот реши да го смени името на стадионот во Opel Arena. Оpel добива реклами на стадион, а имa ексклузивни права на bројните промоции и транспортни услуги на Мајнц.
Mercedes Benz – Штутгарт
Mercedes реши да го подржи својот градски клуб. Со своите луксузни автомобили, автобуси, комби возила и камиони тие се генерален спонзор на Штутгарт. Клупскиот стадион е наречен Mercedes Benz Arena, a се наоѓа блиску до фабриката и музејот на компанијата.
Jeep – Јувентус
Последните четири години спонзор на Јувентус е Jeep, што е дел од италијанскиот Fiat Chrysler. Годишно му даваат на Јувентус 17 милиони евра, а договорот е потпишан до 2020 година.
Hyundai – Лион
Познатиот француски клуб Лион од 2012 година за генерален спонзор го има Hyundai. Според неофицијални информации вредноста на договорот е 5 милиони евра, а покрај рекламата на дресовите Hyundai ги снабдува клубот со автомобили и други услуги.
Volkswagen – Волфсбург
Германски Volkswagen е генерален спонзор, но и целосен сопственик на германскиот прволигаш. Таа соработка на повеќе различни нивоа трае од 50-те години од минатиот век.
Иако им недостасувааt големи резултати, еднаш беа прваци на Германија, а годишно добиваат преку 100 милиони евра, плус уште 30 милиони евра во спонзорски договорои и реклама, автомобили итн.
Volkswagen е спонзор и во Хановер 96, Вердер Бремен, Шалке 04 и 1860 Минхен.
Audi – Баерн
Договорот меѓу двата партнери е со траење до 2025 година, а годишно Audi плаќа 10 милиони евра. Audi има и 8,33 отсто акции во клубот. Обврска на спонзорот е да им испорача автомобили на фудбалерите и тоа најновите, секоја година. Покрај во Баерн, Audi со нови автомобили ги спонзорира и Барселона и реал Мадрид.
Dacia – Удинезе
Оваа соработка трае од 2009 година. Добрата продажба и одличните финансиски резултати му овозможија на романскиот автомобилски бренд што е во целосна сопственост на Renault да го преименува стадионот на Удинезе во Dacia Arena Friuli. Договорот меѓу Унидезе и Dacia е до 2020 година.
Chevrolet – Манлестер јунајтед
Цената на договорот е 380 милиони евра, и потпишан во 2012 година, поделен во седум сезони. Исто така клубот добива и 15-тина возила.