Twingo Cup во септември повторно на Гробник

ОБЈАВЕНО НА:

Седмата и осма трка од Twingo Cup што се бодува за првенството на Македонија ќе се вози во средината на септември, повторно на патеката Гробник во Хрватска. Истата првично беше планирана за Белград, Србија но организаторот направи промена.

Сега со промената, трката на Гробник е планирана за периодот од 17 до 19 септември. Трката ќе се вози во склоп на EURO NASKAR.

На досегашните шест трки, дури четирипати победуваше Давид Малинковски. Тој води во генерален пласман со 92 бода, 22 повеќе вооднос на Владимир Тренески. Досега имаше три тркачки викенди, во Унгарија (Хунгароринг), Словачка (Словакиаринг) и Хрватска (Гробник).

Тwingo Cup е дел од тригодишна тркачка серија што ја организира Аутомотив Груп, увозникот на Renault, Nissan и Dacia за Македонија. Победниците на секоја трка добиваат парична награда од организаторот кој исто така ги врши сите потребни логистички подршки за трките, од транспорт, сервис..
Севкупниот победникод оваа тригодишна серија на Twingo Cup како награда ќе добие автомобил Renault Twizzy.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK