Актуелниот првак во Twingo Cup во првенството на Македонија, Марко Блажевски по седмипат сезонава победува, овојпат во Муѓело, Италија и направи уште еден чекор до титулата. Блажевски беше петтопласиран во конкуренција на 29 возачи, a најдобар меѓу Македонците, на трка што беше предвреме прекината поради инцидент на патеката. Од безбедносни причини директорот на трката реши истата да биде превреме прекината и постигнатите резултати во тој момент да бидат официјални.
По 11 трки сезонава Блажевски има 182 бода, и е лидер пред Бојан Петрушевски кој има 162 бода. Трет во генерален пласман е Владимир Тренески кој има 133 бода. До крајот на првенството треба да се вози уште една трка на Муѓело, и уште две на Мисано (трка што претходно беше откажана поради поплавите во Италија)
На победничкиот пиедестал во првнетсвото на Македонија во Twingo Cup на трката во Муѓело се искачија и Бојан Петрушевски и Владимир Трнески. Петрушевски успеа во клучните свиоци пред прекинот д аго престигне Тренески кој во текот на трката беше пред него. Со тоа Петрушевски освои 15 бодови со кои останува веднаш зад Блажевски.
Првпат сезонава во Twingo Cup се појави и Давид Малинковски кој се натпреварува во Clio Cup, Но реши да им се приклучи на своите сонародници на оваа трка. Тој е првак на Македонија од 2021 година и на оваа трка стигна као четвртопласиран во конкуренција на македонските возачи освојувајќи ги своите први бодови.
По пауза од неколку трки на патеката се појавија и Борис Стојменов и Слободан Трајковски кои ги освоија седмото иосмото место. Пред нив се пласираа Бранко Рафајловски кој беше петтопласиран и Мурис Хамзиќ едно место зад него. Тие двајцата имаа т освоено 77 и 68 бода досега во првенството иќе водат борба за четвртото и петто место во генерален пласман на крајот на сезоната.
Победник на трката во Муѓело беше Словенецот Миха фабијан пред Михајло Младеновиќ од Србија и Лука Грм , исто така од Словенија.