Twingo Cup 2023: Прв триумф за Тренески – за титулата ќе се борат Блажевски и Петрушевски

ОБЈАВЕНО НА:

Марко Блажевски и Бојан Петрушевски во директен дуел на последната трка на Муџело, Италија ќе решат кој ќе биде шампион на Македонија за 2023 година во Twingo Cup. Актуелниот првак Блажевски победи на првата од двете трки што викедов се возеа на патеката Серес во Грција и е најсериозен кандидат за шампионскиот трофеј. Неговиот директен конкурент ќе биде Бојан Петрушевски двапати беше третопласиран и заостанува 15 бода во генерален пласман на две трки до крај.

На Серес на двете трки тројца исти возачи беа на пиедесталот, Блажевски, Тренески и Петрушевски. На првата трка Блажевски победи пред Тренески, а трет беше Петрушевски. За Блажевски ова беше шести триумф сезонава во Twingo Cup во првенството на Македонија.

Блажевски и Петрушевски на Муџело на последната трка ќе решаваат кој ќе биде првакот за 2023 година. Во игра се 40 бода, а разликата меѓу нив е 15 бода. Блажевски има 6 победи сезонава, а Блажевски три победи. Во случај да имаат ист број бодови на крајот шампион ќе биде Блажевски поради повеќето победи.

По пауза од шест трки повторно зад управувачот седна Зоран Мираковски во автомобилот на Слободан Трајковски, но „Професорот“ уште во првиот круг имаше пех и не ја заврши трката.

По речиси две години на патеката се врати и Мартин Костовски, вицепрвакот од 2021 година. Тој првата трка ја заврши на петтото место, а на втората беше последен и поради проблеми не ја заврши целосно.

На втората трка Тренески триумфираше, а Блажевски цел атрка возеше зад него. На пиеесталот повторно третопласиран беше Бојан Петрушевски. Борис рафајловски повторно извозе трка без проблеми и освои значајни 10 бода, и на двете трки беше четвртопласиран. Тоа му донесе скок на четвртото место во генерален пасман каде го престигна Мурис Хамзиќ.

За разлика од првата трка, сега Зоран Мираковски заврши на петтото место освојувајќи 8 бода.Мурис Хамзиќ на двете трки беше шестопласиран освојувајќи по 6 бода.

Генерален пласман на Twingo Cup 2023
1. Марко Блажевски – 162 бода
2. Борис Петрушевски – 147 бода
3. Владимир Тренески – 121 бод
4. Бранко Рафајловски – 69
5. Мурис Хамзиќ – 62
6. Зоран Мираковски – 30
7. Борис Стојменов – 28
8. Слободан Трајковски – 26
9. Мартин Костовски – 12 бода.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK