Twingo Cup 2023 – Чешка: Прв подиум за Хамзик – двоен триумф на Блажевски

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелниот првак во Twingo Cup во Македонија, Марко Блажевски се враќа со двојна победа од патеката Мост во Чешка, и повторно е лидер во генералениот пласман. На двете трки Блажевски беше најдобар од македонските возачи, пред Бојан Петрушевски.
Тие двајца ќе водат трка по последни сантиметри на патеката и по осум трки разликата меѓу нив е само четири бода во корист на Блажевски.

Најголем добитник на трката во Чешка е Мурис Хамзиќ – Адо. Тој првпат се искачи на подиумот, па првата трка. На шест трки на кои возеше сезонава, од вкупно осум, тој освои 50 бодови, што е многу повеќе од целата ланска сезона. Иако ова е втора сезона како вози, Мурис единствено на Гробник не освои бодови бидејќи таму воопшто не возеше.

Марко Блажевски повторно беше најдобар македонски возач во Чешка, триумфирајќи двапати, со што го зголеми бројот на први места сезонава на пет. Во генерален пласман има 127 бода. Сезонава единствено пех имаше на Гробник

Бојан Петрушевски кој првпат вози „цела сезона“ му дише во врат на Блажевски. Двапати во Чешка Петрушевски беше второпласиран, а претходно двапати победи во Хрватска.

До крајот на сезоната во Twingo Cup остануваат трките во Италија и Хрватска кои се планирани според календарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK