ТЦР Европа: Џиролами и Давидовски на првиот тренинг во Франција најавија добар викенд за PSS Racing

ОБЈАВЕНО НА:

Ако првите тренинзи на патеката Пол Рикард укажуваат на тоа колку се подготвени возилата за викендов во првенството на TCР Europe, тогаш македонскиот тим на PSS Racing би требало да има добри вести. Во конкуренција на 20 возачи, по првиот слободен тренинг Франко Џиролами го освои 5. место, а неговиот колега Виктор Давидовски беше на 11 место.

Давидовски беше меѓу осумте најбрзи возачи на патеката возејќи со најголема брзина од 224,53 км/ч. Давидовски извозе шест круга и постигна време од 0,960 секунди послабо време од Теди Кларе.
Во прилог на трката за тимот на PSS Racing одат и одлуките на организаторот околу БоП распределбата на тежината, па така за возилата на Honda е решено наместо дополнителни 30 кг. да имаат само дополнителни 10 кг., со што минималната тежина треба да биде 1275 кг.

Тимот на PSS Racing е најдобар од тимовите што возат модели на Honda. Голема помош добија домашните возачи со Peugeot Кои наместо -30 кг. сега ќе имаат уште 10 килограми помалку. Тоа веднаш се виде на патеката па на првите две места се најдоа возачите на Peugeot.

За денеска е закажан уште еден слободен тренинг попладне, а утре во 10 часот е квалификациите. Првата трка е утре во 16,45 ч. а втората е во недела во 12,40 часот.

Патеката Пол Рикард е долга 5842 м., а ќе се возат две трки од по 10 круга. Едната трка е во сабота, а другата во недела. Во 2020 година на оваа патека победија двајца возачи на Honda, Даниел Лојд и Мајк Халдер. Лани не се возеше тука трка

Во генералниот пласман Франко Џиролами е на 6 место со 42 бода, а на втората трка во Словачка беше на пиедесталот како третопласиран. Бодови од првата трка освои и Давидовски, пет од првата трка.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK