Toyota Yaris Cross во Европа од оваа есен – нарачки од следниот месец

ОБЈАВЕНО НА:

Во август минатата година во фабриката на Toyota во јапонскиот град Канегасаки во производство влезе моделот Yaris Cross кој претставува кросовер изведба на малиот Yaris. Иако првично беше најавено дека ќе биде достапен само во Азија, Toyota во октомври минатата година го потврди доаѓањето на овој модел на европскиот пазар каде ќе се позиционира под моделот C-HR.

Сега и официјално е потврдено дека првите испораки ќе се случат кон крајот на септември годинава, а во Велика Британија ќе биде достапен за нарачка од следниот месец.

Почетната цена за основниот модел во Велика Британија изнесува 22.915 фунти. Основната верзија доаѓа со 16 инчни алуминиумски фелни, сензори за дожд, светла со сензори, 8 инчен инфотејнмент систем, задна камера… Цената на верзијата со повисоко ниво на опременост изнесува 24.140 фунти додека она со највиско ниво на опременост 28.185 фунти.

Во однос на мотористиката, централно место зазема 1,5 литарскиот бензински мотор со хибриден систем како поддршка, а вкупниот аутпут изнесува 114 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK