Toyota Mirai постави светски рекорд – поминати 1.360 км. на водород без полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota се пофали со светскиот рекорд поставен со возилото што користи водород, Mirai во август во Калифорнија. Еден од ретките модели што се производува а користи водород, успеа да помине растојание од 1.360 километри со еден резервоар.

Ова го потврди и овластено лице од Гинисовата книга на рекорди, кое лично го провери полнењето на почетокот на патувањето и го следеше патот за да нема полнење. Toyota исто така, се пофали дека првото полнење на Mirai траело само пет минути.

Растојание од 1.360 километри е изминато за два дена. Првиот ден биле изминати 761 км. а вториот 599 км. што вклучувало минување преку Лос Анџелес и Сан Диего во време кога имало најмногу метеж.


Од Toyota споделуваат и дека Mirai трошела 5,65 килограми водород и не испушта никакви штетни гасови за разлика од конвенционално возило кое би испуштило околу 300 кг. јаглердо диоксид за вакво растојание.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK