Toyota инвестира 13,6 милијарди долари во развој и снабдувачка за батерии

ОБЈАВЕНО НА:

За време на тематскиот настан на IAA Munchen 2021, Toyota објави дека планира да инвестира повеќе од 13,6 милијарди долари до 2030 година во развојот на батерии за електрични возила и хибриди, како и во снабдувачка мрежа.

Компанијата ја изразува својата посветеност кон идејата за електрификација на портфолиото, споделувајќи дека компанијата се подготвува за реализација на целосно електрифицирана палета на производи.

„Со цел да ги промовираме BEV (целосно електрични автомобили), сакаме да ја намалиме цената и да им понудиме BE по разумна цена“, рече Масахико Маеда, главен технолошки директор на Toyota. „За почеток, имаме за цел да ги намалиме трошоците за батерии за 30%, па дури и повеќе …“

Компанијата, исто така, го свртува вниманието на својата работа во областа на батерии SSD (Solid State Battery), коментирајќи дека ги проучуваат нивните параметри во однос на поголем капацитет, поголема автономија и пократко полнење.

https://youtu.be/f9igsdNBDBo

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK